ВИДЕО: Испишана историја во Токио, Рохас сруши рекорд стар 26 години

Фото: EPA-EFE/HOW HWEE YOUNG

Јулимар Рохас од Венецуела оствари спектакуларен светски рекорд во трискок на Летните олимписки игри во Токио.

Таа е новата олимписка шампионка, но и нова светска рекордерка во оваа атлетска дисциплина.

Во последната серија изведе фантастичен скок од 15,67 метри и убедлив постави нов светски рекорд.

За вкупно 17 сантиметри го урна рекордот стар 26 години на Инеса Кравец (СССР) која скокна 15,50 метри во далечната 1995 година. Успехот е уште поголем поради податокот кој вели дека ова е прво олимписко злато за Венецуела во историјата на Олимписките игри.

Второто место во оваа дисциплина го освои европската шампионка од Португалија, Патрисија Мамона (15,01 метри), а бронзата е во рацете на Ана Пелетеро од Шпанија (14,87 метри).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот