ВИДЕО: Исланд и Германија одиграа за Македонија

Германија ја оправда фаворитската улога во натпреварот против Романија/ фото: EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Селекцијата на Германија успеа со 2:1 да ја совлада Романија и да се зацврсти на првото место на табелата во групата Ј во квалификациите за Мундијалот во Катар.

Германците до победата дојдоа далеку потешко од очекувањата бидејќи по првото полувреме губеа со 0:1 благодарение на голот на Хаџи. Но, „панцирите“ на стартот од вториот дел преку Серж  Гнабри во 52 минута дојдоа до израмнување, до трите бода ги донесе Томас Милер со голот на девет минути до крајот на средбата.

И вториот натпревар и оди во полза на Македонија бидејќи конкурентот за второто место и баражот, Ерменија одигра 1:1 на гостувањето кај Исланд. Ерменците поведоа со голот на Хованисјан, но Исланд успеа да израмни во 77 минута преку Јоханесон и да ја искачи Македонија на второто место на табелата.

Сефте за Милевски, фудбалерите демонстрираа моќ против Лихтенштајн

Во групата Х, Хрватска без проблеми славеше со 3:0 на гости кај Кипар, а и останатите фаворити немаа проблеми, Русија со 1:0 ја победи Словачка, а Словенија славеше со 4:0 на гости кај Малта.
На Холандија и беше доволен само еден гол за да слави на гостувањето кај Летонија, а во дербито во групата Г, Турција и Норвешка одиграа без победник, 1:1.

Резултати:

Група Е
Чешка – Велс 2:2
Естонија – Белорусија 2:0

Група Г
Турција – Норвешка 1:1
Гибралтар – Црна Гора 0:3
Летонија – Холандија 0:1

Група Х
Кипар – Хрватска 0:3
Русија – Словачка 1:0
Малта – Словенија 0:4

Група Ј
Исланд – Ерменија 1:1
Лихтенштајн – МАКЕДОНИЈА 0:4
Германија – Романија 2:1

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот