ВИДЕО ИНТЕРВЈУ | Јована Мојсоска: Левица е единствената антифашистичка партија во Македонија

Јована Мојсоска - левица / Фото: Слободен печат - Драган Митрески

30 години ниту една власт не се грижела за нашите антифашистички споменици и не само што нема некаква промоција на народноослободителната борба, туку ако земете да барате нешто за антифашистичката историја на Македонија ќе видите дека за време на Југославија се направени и многу повеќе филмови и зачувана е многу поголема архива отколку во овие 30 години на независност. Во меѓувреме се градеа музеи на жртвите на комунизмот, додека овие споменици беа оставени на забот на времето. Тоа беше во времето на ВМРО-ДПМНЕ, а во времето на СДСМ дојдовме до степен од спомениците да се бришат натписите „бугарски фашистички окупатор. Тоа е директна рехабилитација на фашизмот којшто се случува кај нас и веќе ескалира, а за тоа се доказ и бугарските клубови. Тука би потенцирала дека Левица е единствената антифашистичка партија во Македонија, вели Јована Мојсоска, генералниот секретар на Левица.

Мојсоска гостуваше во емисијата „Утрински печат“, каде што потенцираше дека нејзината партија во последниот период е еднакво напаѓа и од СДСМ и од ВМРО-ДПМНЕ.

– Кога гледате дека двете акционерски друштва (СДСМ и ДПМНЕ) кои Македонија ја имаат претворено во приватна сопственост координирано и хистерично секојдневно ве напаѓаат тоа е знак дека сме на правилниот пат – порача Мојсоска.

Таа понуди одговор и на обвинувањата дека Левица е проруска партија.

– Според мене, небулозно е да се збори за ширење на руско влијание во државата, затоа што јас не знам некој пример во македонската историја руски амбасадор по ходници да брка пратеници за промена на уставното име – истакна Мојсоска.

Мојсоска го повтори негативниот став на Левица кон нашето членство во НАТО, потенцирајќи дека нејзината партија никогаш не била против ЕУ, но зачленувањето во Унијата, според неа, не смее да се случи по секоја цена.

За Гоце Делчев смета дека е Македонец, а ако е Бугарин бидејќи учел во бугарско училиште и бил вработен во бугарската администрација, тогаш според нејзе и за претседателот на Собранието Талат Џафери, можеме да тврдиме дека е Југословен, бидејќи учел во Белград и бил офицер во ЈНА.

Целото интервју со Јована Мојсоска погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот