Пожар во зграда во Џакарта, Индонезија/Фото: SYNATRIA RESPATI / AFP / Profimedia

ВИДЕО | Индонезија: Пожар избувна во седумкатна зграда во Џакарта, најмалку 13 мртви

Во седумкатна зграда во главниот град на Индонезија, Џакарта, денеска избувна пожар, објави локалниот телевизиски сервис Компас ТВ, при што 13 лица се потврдени како мртви, а некои се уште се заробени внатре, пренесува Ројтерс. Синхуа објави дека 20 лица загинале.

Пожарот е изгаснат додека напорите за евакуација на зградата продолжуваат, објави Компас ТВ.

Зградата е канцеларија на „Тера Дрон Индонезија“, која обезбедува дронови за активности на воздушно истражување со клиенти во секторите од рударството до земјоделството.

Компанијата обезбедила финансирање од јапонската фирма за дронови „Тера Дрон Корпорејшн“, според веб-страницата на компанијата.

Снимките емитувани од „Компас ТВ“ покажаа десетици пожарникари како се обидуваат да ги евакуираат луѓето внатре, а некои изнесуваа вреќи со тела од зградата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот