Се запали автобус во Индија, патниците изгореа/Фото: Икс

ВИДЕО | Индија: Автобус зафатен од пламен по несреќа, десетици патници изгореа живи

Патнички автобус се запали откако се судри со мотоцикл во јужна Индија, при што загинаа 25 лица, а многу други беа повредени, објави Ал Џезира.

„Пожарот се прошири за неколку минути во автобусот, заробувајќи десетици патници. Некои успеаја да ги скршат прозорците и да скокнат со полесни повреди, додека други беа изгорени пред да пристигне помошта “, рече полицаецот Викрам Патил.

Во автобусот се превезувале 44 лица, од кои многумина спиеле во времето на судирот. Досега, 15 патници се спасени и однесени во болница. Возачот на мотоциклот, кој не е идентификуван, исто така загина.

Според властите, мотоциклот удрил во задниот дел од автобусот и се заглавил, предизвикувајќи искри кои го запалиле резервоарот за гориво на возилото.

„Кога чадот почнал да се шири, возачот го запрел автобусот и се обидел да го изгасне пожарот со противпожарен апарат, но пожарот се проширил толку брзо што не можел да го контролира“, рекол полицаецот.

Тим експерти ги истражува причините за несреќата, додека индискиот премиер Нарендра Моди изрази сочувство до семејствата на жртвите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот