ВИДЕО | Инциденти во финалето од косовскиот куп, фудбалерите на Феризај го повторија потегот на Шкендија
Дукаѓини го освои Купот на Косово откако во драматично и тензично финале славеше над Феризај со 2-1, во натпревар што беше проследен со бројни инциденти и нервоза на теренот, а беше забележан и инцидент сличен како и во битката за трофејот од македонскиот куп помеѓу Силекс и Шкендија.
Препорачано
Незадоволството кај фудбалерите и стручниот штаб на Феризај кулминираше поради судиските одлуки, па во еден момент тие демонстративно го напуштија теренот. Претходно, натпреварот беше прекинуван и поради турканици и расправии меѓу играчите, а судиите со мака успеаја да го приведат мечот кон крајот.
Дополнителен хаос следуваше и по последниот свиреж. Револтирани од случувањата, фудбалерите на Феризај, по кратка комуникација со своите навивачи, одбија да ги примат сребрените медали и веднаш се упатија кон соблекувалната, повторувајќи го потегот што ден претходно го направија и играчите на Шкендија.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
13мин
-
51мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


