ВИДЕО| Инцидент во Грачаница, косовската полиција претепа двајца Срби
Во центарот на Грачаница, припадници на косовската полиција вчера претепале двe српски млади момчиња А.М.(24) и М.М.(19) години. Едниот од младите завршил во болница, додека другиот бил однесен во полициска станица, пред која почнале да се собираат мештаните во знак на протест.
Препорачано
Според присутните како што пренесува Косово-онлајн до инцидентот дошло кога полициска патрола ги сопрела младите Срби во автомобил и почнала да им пишува казни за не носење појас.
Еден од очевидците, Александар Васиќ, тврди дека момчето кое го управувало автомобилот во ниту еден момент не ја нападнало полицијата.
„Претпоставувам дека половина час претходно му напишале казна и повторно го запреле во текот на ноќта. По тоа тој се обиде да излезе од автомобилот за да ги праша зошто му пишуваат казна два пати за половина час, но полицајците не го пуштаа да излезе. Кога му ја врачија казната, дојде брат му и праша зошто ја пишуваат казната на албански, и тогаш почна туркањето. Се собраа тројца полицајци Албанци. Го фрлија на асфалт момчето кое се обиде да се одбрани и викаше не сум виновен. Тој навистина ништо не кажа, единствено брат му праша зошто го казнувате на албански јазик и ништо друго“, рече Васиќ.


