Возачот кој предизвика сообраќајна несреќа на Флорида/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Илегален мигрант предизвика страотна сообраќајна несреќа на автопат во Флорида во која загинаа три лица

Шокантна трагедија се случи минатата недела на автопат во Флорида кога камион со приколка управуван од нелегален имигрант во Соединетите Држави предизвика смртоносна несреќа.

Како што објави „Њујорк пост“, минатиот вторник околу 15 часот, возачот на шлеперот, Харџиндер Сингх, направил нелегално свртување на автопатот Флорида Турнпајк, блокирајќи ги сите ленти со својата огромна приколка. Како резултат на тоа, минибус што доаѓал од спротивната насока бил „заглавен“ во него и тој не успеал да закочи.

Двајца од патниците во минибусот загинале веднаш, додека возачот бил спасен со сериозни повреди, но подоцна почина во болница. Според локалните власти, жртвите биле 37-годишна жена од Помпано Бич, 30-годишен маж од Флорида Сити и 54-годишен маж од Мајами.

Камерата на камионот го снимила моментот на фаталниот судир, со минибусот притиснат на приколката. Иако камионот бил потресен од силниот удар, Сингх изгледа речиси рамнодушен во видеото. Тој гледа низ прозорецот кон трагедијата што ја предизвикал и го запира возилото, исклучувајќи го моторот.

Снимките од местото на настанот го прикажуваат минибусот како безлична маса од метал, со остатоци и лични работи на патниците расфрлани по патот, а покривот е целосно одвоен.

Сингх е уапсен и обвинет по три точки за убиство од небрежност. Имиграциските власти издадоа дополнителен налог за апсење, бидејќи беше откриено дека тој нелегално влегол во Соединетите Држави преку Мексико во 2018 година. Тој имал комерцијална возачка дозвола од Калифорнија, но не е јасно како успеал да ја добие.

Доколку биде осуден, се очекува да ја отслужи казната во затвор во Флорида, а потоа да биде депортиран.

„Три лица ги загубија животите поради неодговорноста на овој човек, а безброј пријатели и членови на семејството на жртвите засекогаш ќе ја чувствуваат болката од загубата. Синг е во притвор под обвинение за убиство од небрежност и прекршување на имиграциските закони. Тој повеќе не може да ги уништува животите на граѓаните и посетителите на Флорида“, рече комесарот на патролата на автопатиштата на Флорида, Дејв Кернер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот