ВИДЕО I ВАР прави чуда во Премиер лигата: Гледаа погрешен играч и поништија чист гол

Драган Шолак е помеѓу новите сопственици на Саутемптон/Фото: EPA-EFE/Michael Steele

Фудбалерите на ВБА вчера со 3:0 го совлада Саутемптон и ја продолжија битката за опстанок во Премиер лигата. Поради убедливиот триумф, во втор план падна уште една скандалозна употреба на ВАР технологијата во Премиер лигата и која му поништи чист гол на ВБА.

На почетокот од натпреварот, ВБА постигна гол преку Мбаје Дијан кој беше во дозволена позиција, но ВАР ја анализираше позицијата на Кајл Бартли кој беше во офсајд позиција, но воопшто не учествуваше во акцијата.

По натпреварот, се појави бизарно обаснување дека од ВАР собата поради позицијата на камерата не биле во можност да повлечат линија како треба и да видат дали Дијан беше во офсајд или не.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот