ВИДЕО I Случка за филмско сценарио на Хаити: Фудбалската репрезентација на Белизе нападната од терористи

Фото: twitter

Фудбалските репрезентативци на Белизе преживеаја тешка траума и малку недостасуваше да бидат жртви на добро испланирано киднапирање.

Фудбалерите тргнаа кон Хаити на квалификациски натпревар за Светското првенство во 2022 година, кога ни криви, ни должни, се најдоа среде приказна што потсетува на холивудските крими филмови.

Вооружена група успеа да ја пробие полициската придружба на автобусот со фудбалерите на Белизе и да дојде до нив. Следуваа преговори кои, за среќа, завршија успешно, па националниот тим на Белизе продолжи кон својата крајна дестинација.

Набрзо беше откриено и кој се напаѓачите и кој стои зад нивната акција.

Властите на Хаити објавија дека групата која стои зад обидот за киднапирање се нарекува „Фантом 509“ и дека, впрочем, станува збор за фракција на полицијата и поранешни полицајци која е означена како терористичка. Тие трагаат по телата на четворица нивни колеги кои настрадаа во неодамнешните судири.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот