Фото: youtube/printscreen

ВИДЕО I Анита Никова Бундовски: ИКТ индустријата со 900 милиони евра приход и во 2020 година е светла точка во сивилото на македонската економија

Нашите 100 компании учествуваат со 55 отсто од вкупниот приход на ИКТ индустријата што е 880 милиони евра за 2019 година. Кога ќе ги видите клиентите на нашите компании ќе се изненадите за кои светски познати имиња станува збор. Од автомобилската, па сè до медицинска индустрија, сме стигнати. Тоа покажува дека се следат најнапредните технологии, нашите инжињери и програмери се на светски ранг и сме рамо до рамо во квалитетот кој што го испорачуваме од аспект на продукти, професионализам и експертиза, изјави Анита Никова Бундовски, извршен директор на МАСИТ – Стопанска комора за информатички и комуникациски технологии, во „Утрински брифинг“.

– Во моментот околу 1.000 евра е просечната нето плата во ИКТ секторот што е два и пол пати поголема од просечната. Но, високите менаџерски плати можат да отидат и до 3.000 евра, додека границата кај консултантите не ја знаеме, вели Никова Бундовски.

– Системот е тоа што младите луѓе ги задржува или одбива да останат во една држава. Во Северна Македонија сè уште имаме системски промени на кои сите заеднички треба да работиме, за образованието, за екологијата, за здравството, итн. Од друга страна, социјален живот како во Македонија никаде немате, семејството и потпората која што ја имате дома никаде ја немате и нето остатокот на фамилијатниот буџет и остатокот кој што останува никаде не е толку голем, додава Никова Бундовски.

ИТ индустријата е можеби најмалиот или некорисниот на мерките под Владата, заради тоа што сакаме да дадеме предност на загрозените сектори, па дури и да помогнеме преку бесплатни решенија. Се стремиме да подигнеме генерална свест за одење кон дигитално оперирање на бизнисите во државата. Но, она што на нас како ИТ индустрија ни е потребно и за отворање на нови работни и места и истражувачки проекти е ослободување од неколку давачки. Едната е персоналниот данок, а втората ситуација е поставување на многу понизок праг на месечното плање на придонеси, во моментов тоа е 12 просечни плати, ание сметаме дека да биде ставен на максимум 90.000 денари, вели Никова Бундовски.

Целиот разговор со Анита Никова Бундовски можете да го погледнете во видеото

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот