ВИДЕО: Хрватска ја совлада Ерменија, еден гол го одлучи мечот во Ереван

фото: EPA-EFE/KOEN VAN WEEL

Во рамките од квалификациите за пласман на следното Европско фудбалско првенство во Германија 2024, репрезентацијата на Хрватска минимално славеше со 1:0 на гости против Ерменија.

Стрелец на единствениот гол во Ереван беше Андреј Крамариќ во 13 минута од средбата.

Ерменците се обидуваа со сите сили да дојдат до израмнување, но „коцкестите“ на крајот се радуваа на новиот триумф, трет по ред во квалификацискиот циклус.

Хрватите остануваат првопласирани во групата „Д“ со 10 бодови од четири натпревари, додека на втората позиција е Турција која исто така има 10 бодови, но од пет натпревари.

Следува Ерменија со седум од пет натпревари, Велс има четири бодови од четири натпревари, а четири мечеви запиша и Летонија, но и натаму нема ниту еден бод.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот