ВИДЕО | Хорхе Мартин го искористи падот на Бањаја и дојде на чекор од титулата

Фото: EPA-EFE/FAZRY ISMAIL

Хорхе Мартин е победникот на спринт трката во Малезија, а со овој триумф дојде и на чекор од титулата во Мото ГП шампионатот.

Шпанецот знаеше да го искористи падот на актуелниот шампион Бањаја и така направи голем исчекор кон титулата. Зад Мартин заврши Марк Маркез, додека последното место на подиумот го пополни Енеа Бастијанини.

Бањаја уште во вториот круг изгуби контрола над својот мотоцикл и падна надвор од патеката, а тоа го чинеше крај и предвремено завршување на трката.

Во генералниот пласман Хорхе Мартин има 29 бода предност на врвот и ако победи на главната трка која се вози утре Бањаја би морал да биде втор за математички да ги задржи шансите за одбрана на титулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот