ВИДЕО: Холанѓанка падна на 400 метри пред целта, па ги престигна сите и победи во трката

Фото: EPA-EFE/DIEGO AZUBEL

Атлетичарката Сифан Хасан и во најлошите моменти од трката докажа зошто е фаворитка за златниот медал на 1.500 метри.

Доколку беше неопходна потврдата на подготвеност и издржливост на холандската атлетичарка, денеска сите љубители на атлетиката ја добија.

Хасан дојде со големи амбиции на Олимписките игри во Токио, да се закити со медали на 1.500, 5.000 и 10.000 метри.

Многу лесно може да се случи сонот на 1.500 метри да заврши веќе во квалификациската група.

Таа падна на 400 метри пред целта, се чинеше дека нема ни теоретски шанси да влезе во финалето, но таа стана, ја продолжи трката..

Ја собра сета сила и по една по една ги престигнуваше противничките, го засилуваше темпото и на крајот успеа дури и да триумфира со време 04:05,17 минути и така обезбеди пласман во полуфиналето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот