ВИДЕО | Хит сцена во Португалија: Погледнете што се случи во програма во живо кога Бенфика даде гол
Бенфика со спектакуларна победа од 4-2 над Реал Мадрид на свој терен во последното коло од лигашката фаза во Лигата на шампионите обезбеди пласман во доигрувањето за нокаут-фазата, а во исто време не дозволи и „кралевите“ да одат директно во осминафиналето.
Препорачано
Во финишот од натпреварот победата на португалскиот тим не беше доведена во прашање. Бенфика водеше со 3-2 и имаше дури двајца играчи повеќе по исклучувањата на Раул Асенсио и Родриго, кои добија втор жолт картон. Но, и таквата предност не беше доволна. Поради послабата гол-разлика, пред Бенфика на табелата беше Марсеј, па и покрај сигурната победа, „орлите“ длабоко во судиското надополнување беа на 25. позиција.
Токму затоа, тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, во последниот напад го испрати и голманот Анатолиј Трубин. По центаршутот на Фредрик Аурснес од прекин, украинскиот чувар на мрежата скокна највисоко и со удар со глава постигна гол за еуфорија на „Луж“. Следеше голема радост на трибините, меѓу фудбалерите и стручниот штаб.
Во целото тоа славје се случи и сцена која експресно стана вирална. Додека Бенфика тргнуваше во последниот напад, во програмата на португалската телевизија во живо гостуваше кардиналот Америко Агијар кој зборуваше за сосема друга тема со водителот кога одеднаш се слушнаа гласови, двајцата прво беа изненадени, но потоа брзо сфатија дека Бенфика постигнала гол.
Here is a random Portuguese TV channel, when the news got interrupted by Trubin’s last minute goal…😂 pic.twitter.com/AmajAc7uO8
— IM🇵🇹 (@Iconic_Mourinho) January 28, 2026
ВИДЕО: Голманот на Бенфика во 97-ма минута му даде гол на Реал Мадрид


