ВИДЕО: Голманот на Бенфика во 97-ма минута му даде гол на Реал Мадрид
Реал Мадрид доживеа непријатно изненадување и со поразот од Бенфика од 4-2 заврши во плеј-офот од Лигата на шампионите, до кој пак Португалците едвај стигнаа со голот на голманот Трубин во последните секунди.
Препорачано
Мадриѓаните подобро го отворија натпреварот и поведоа во 30. минута со голот на Килијан Мбапе. Францускиот ас со тој погодок испиша историја, надминувајќи го рекордот на Кристијано Роналдо по број на голови во првиот дел од сезоната во Лигата на шампионите. Роналдо во сезоната 2015/16 имаше 11 погодоци, додека Мбапе сезонава стигна до бројката од 13.
Сепак, продолжението не донесе радост за гостите. Шелдеруп најпрво израмни во 36. минута, а во финишот на првото полувреме Павалидис беше прецизен од белата точка и ѝ донесе водство на Бенфика.
На стартот од вториот дел Шелдеруп повторно се запиша во листата на стрелци за 3-1, ставајќи го Реал во незавидна позиција. Мадридскиот тим се обиде да се врати во мечот, а Мбапе со својот втор гол намали на 3-2, резултат кој беше актуелен сè до самиот крај.
Кога се чинеше дека натпреварот ќе заврши со минимална победа на Бенфика, во последните секунди по еден прекин се истакна голманот Трубин, кој постигна сензационален погодок за конечни 4-2 и огромна радост на трибините. Треба да се каже дека победата од 3-2 на Бенфика немаше да ѝ биде одволна поради гол-разлика.


