ВИДЕО | Хирург во Кина удри пациент за време на операција

Хирург во Кина удри пациент за време на операција / Фото Веибо

Кинеските власти истражуваат болница поради инцидент во кој хирург наводно го удрил пациентот што го оперирал во тој момент. Тоа било снимено во клип што стана вирален на кинеските социјални мрежи оваа недела, што предизвика бес на интернетот.

Матичната група на болницата, Ајер Чајна, го суспендираше хирургот и го отпушти извршниот директор на болницата каде што се случил инцидентот во 2019 година.

На видеото се гледа како хирургот удира пациент во главата најмалку три пати додека му ги оперира очите. Властите објавија дека инцидентот се случил за време на операција во болница во Гуиганг, град во југозападна Кина.

Пациентката била 82-годишна жена и „за време на операцијата, поради локална анестезија пациентката била нетолерантна“. Таа ги мрдала главата и очните јаболка повеќе пати, според нивната изјава, пренесува Би-Би-Си.

Бидејќи пациентката можела да зборува само локален дијалект и се чини дека не одговарала на предупредувањата на лекарот, хирургот ја удрил пациентката. Локалните власти велат дека пациентката се здобила со модринки на челото.

По операцијата, раководството на болницата се извини и плати 500 јуани (70 долари) како компензација, според синот на пациентката кој зборувал за локалните медиуми. Тој, исто така, рече дека неговата мајка сега е слепа на левото око, иако не е јасно дали тоа се должи на инцидентот.

Ајер Чајна објави дека болницата не го пријавила инцидентот во седиштето. Во четвртокот го објави отказот на извршниот директор на болницата во Гујанг и суспензијата на хирургот, поради „сериозни прекршувања на прописите на групата“, кои вклучуваат други неодредени прекршоци.

Иако инцидентот се случил во декември 2019 година, вниманието на јавноста го привлече оваа недела откако истакнат кинески лекар, Аи Фен, сподели снимка од хируршката сала. Д-р Аи, која беше меѓу групата лекари кои ја предупредија јавноста за првичната појава на ковид во Вухан, го објави клипот на нејзиниот профил на Веибо каде има повеќе од два милиони следбеници.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот