ВИДЕО | Херојот на Манчестер сити, Родри: Ова е за сите што го направија клубот голем
Манчестер сити ја освои титулата во Лигата на шампионите победувајќи го Интер во финалето. За клубот од „Етихад“ ова е прва титула во најдоброто европско клупско натпреварување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
А единствениот гол го постигна Родри во текот на второто полувреме на стадионот „Ататурк“ во Истанбул, Турција.
– Ова е емотивно. Сите го чекавме ова толку многу години. Го заслуживме тоа, особено во последните години кога бевме навистина блиску. Ова е посебен момент кој никогаш повеќе нема да се повтори. Се надеваме дека ќе славиме повторно следната година – вели Родри.
По последниот судиски свиреж на Шимон Марчињак, имаше големо славје на „граѓаните“, многу играчи, навивачи и членови на стручниот штаб беа во солзи, а овој многу емотивен успех го доживеа и Родри:
– Не одиграв добро во првото полувреме. Имаше емоции, имаше нервоза. Но, ова е остварување на сонот. Ова е за сите што го направија клубот голем. Не беше лесно. Се судривме со сериозна екипа, начинот на кој се брани и контрите што ги има. Дадовме сè – се зборовите на Родри.


