ВИДЕО | Хас: Руско знаме? Не ги заобиколивме правилата, тимот е американски!
Хас ги негираше обвинувањата на некои медиуми дека ги користеле боите на руското знаме на новиот болид, а на Русинот Никита Мазепин (еден од возачите на овој тим) му е забрането да се натпреварува со симболите на таа држава.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Потсетување дека со одлуката на Судот за спортска арбитража им се забранува на руските натпреварувачи (како резултат на допинг) да користат национални симболи во следните две години, а тоа изгледа се однесува и за Формула 1.
Ова значи дека дебитантот Никита Мазепин нема да може да се натпреварува под руско знаме, а во случај на негова победа, руската химна нема да се интонира.
Затоа „прашината се крена“ во четвртокот кога беше претставен новиот болид „во боите на руското знаме“.
A slick new livery for the new season was revealed by @HaasF1Team on Thursday ? ?
Watch 2020 morph into 2021 ? ?#F1 pic.twitter.com/80r4obMojn
— Formula 1 (@F1) March 4, 2021
– Ние не заобиколивме никакви правила. Ваквиот дизајн го смисливме минатата година, пред Светската антидопинг агенција (ВАДА) да донесе одлука околу користење на руското знаме. Јасно е дека не можеме да го користиме знамето на Русија, но можеме да ги користиме боите на болидот. На крајот на краиштата, спортистот е тој што не може да ги користи симболите на Русија, а не тимот. Тимот е американски – рече шефот на Хас, Гинтер Штајнер.
Странските медиуми потсетуваат дека Хас потпиша повеќегодишен спонзорски договор со руската компанија „Уралкали“.


