ВИДЕО: Гвардиола ќе искешира 20 милиони за новиот Меси

Манчестер сити е во интензивна потрага по замена за Серхио Агуеро

Менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола уште сега ја започна потрагата по иделна замена за Серхио Агуеро, медиумите во Англија највеќе шанси му даваа на Нуњез од Бенфика и сметаат дека се чека јануари за да започне преодниот рок за да биде официјализиран трансферот.
Но, неколку јуќноамерикански медиуми наведуваат дека „граѓаните“ имаат поинакви намери.

Имено, според нив, Гвардиола се наоѓа пред договор со аргентинскиот Естудијантес за младиот 17-годишен суперталентиран Дарио Сармиенто.
Тинејџерот од минатата сезона е дел од првиот тим на Естудијантес, а веќе со 17. години започнаа да се раскажуваат анегдоти за него. Поранешниот селектор на Аргентина и легенда на Естудијантес, Алехандро Сабелја на првара средба со Сармиенто му се поклонил со зборовите „алелуја“ и со верба и надеж дека ќе стане голема ѕвезда, а веќе го нарекуваат новиот Меси.

Аргентинските медиуми пренесуваат дека работата е речиси завршена и во јануари ќе биде официјализиран трансферот вреден 20 милиони евра вклучувајќи ги и бонусите, а играчот во Манчестер сити ќе пристигне во јуни по завршување на сезоната.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот