ВИДЕО: Големи поплави во Ванкувер, едно лице мртво, двајца исчезнати

Поплави во Ванкувер
Големите поплави во Ванкувер/ Фото Youtube Screenshot

Од пристаништето Ванкувер, најголемото во Канада, денеска соопштија дека сите железнички пристапи до пристаништето се поплавени, додека при лизгање на земјиштето источно од пристаништето едно лице загина, а две се водат како исчезнати, пренесува Ројтерс.

„Целиот железнички сообраќај до и од пристаништето Ванкувер е во прекин поради поплавите во внатрешноста на Британска Колумбија“, изјави портпаролот на пристаништето Мати Полихронис.

Најмалку едно лице загина во лизгање на земјиштето на автопатот 99 во близина на Пембертон на околу 160 милји североисточно од Ванкувер.

Спасувачките екипи ја пребаруваат областа во потрага по преживеани и повредени.

Товарот вреден 440 милиони долари, од автомобили до основни потреби, поминува низ пристаништето во Ванкувер секоја година.

Дводневниот дожд предизвика поплави

Поради поплавите предизвикани од дводневните дождови, привремено е прекинат транспортот на пченица и маслодајна репка од Канада, еден од најголемите светски извозници на житарки.

„Enbridge Inc“ исто така затвори дел од гасоводот како мерка на претпазливост поради поплавите, а нафтоводот „Trans Mountain“, кој испорачува 300.000 барели нафта дневно од Алберта до брегот на Пацификот, исто така е затворен поради невремето.

„Teck Resources Limited“, исто така, соопшти дека поплавите ја прекинале испораката на бакар и јаглен до извозните терминали.

Јужно од Британска Колумбија, во сојузната држава Вашингтон во САД, поради обилните дождови, населението е евакуирано и прекинато е снабдувањето со електрична енергија на 150 илјади домаќинства.

Во некои делови на Британска Колумбија, во неделата паднаа 20 инчи дожд, колку што обично паѓа за еден месец.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот