ВИДЕО: Големи наноси од земја и камења од Шара завршија во Теарце, невремето во тетовско поплави улици и домови, откорнати дрвја и оштетени возила

Фото: Скриншот

Големо невреме проследено со силен дожд и ветер вечерва го зафати тетовско, а под вода се најдоа домови и улици. На социјалните мрежи се појавија и снимки од наноси од кал, земја и камења кои од Шара се спуштија во Теарце.

Првичните информации говорат дека се поплавени домови во тетовски Требош, Теарце и Непроштено, каде има паднати дрвја и оштетени возила.

По врнежите на неколку места регионалниот пат Тетово- Јажинце е тешко прооден, а во Тетово булеварот Благоја Тоска во близина на тетовската касарна од насобраната вода е непрооден и сообраќајот се пренасочува по други коловози.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот