Монтирање на бетонски блокови околу зградата на ТВ Пинк во Белград / 14 март 2025 г. / фото: Икс

ВИДЕО: Големи бетонски блокови се монтираат околу седиштето на ТВ „Пинк“ во Белград

Српската опозициска Партија на слободата и правдата вечерва објави дека околу зградата на телевизијата „Пинк“ во Белград се поставуваат големи бетонски блокови, јави „Н1“.

„Монтираат огромни бетонски блокови околу Пинк“, напиша партијата на „Икс“, објавувајќи и снимка од работите пред зградата на српската телевизија.

Во Белград за утре е закажан голем протестен собир на студентите, кои вечерва пристигнуваа пеш и со велосипеди во српскиот главен град, каде беа пречекани од белградските колеги, но и од илјадници жител на Белград кои излегоа на улиците да ги поддржат.

ВИДЕО: Величествен пречек за студентите во Белград, илјадници пристигнуваат од цела Србија

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот