Српски студенти пристигнуваат во Белград за големиот протестен собир на 15 март / фото: „Икс“

ВИДЕО: Величествен пречек за студентите во Белград, илјадници пристигнуваат од цела Србија

Во Белград вечерва пристигнуваат илјадници студенти и активисти кои со денови одеа пеш од цела Србија за да учествуваат на утрешниот протестен собир, за кој се најавува дека ќе биде најголемиот од почетокот на студентските демонстрации во земјата.

Во центарот на српскиот главен град, на Теразије, први пристигнаа група студенти-велосипедисти, кои беа пречекани од нивни колеги од Белград, со овации, скандирање, биење на тапани и свирење со вувузели. Многубројни жители на Белград излегоа на улиците за да ги поздрават студентите.

Во центарот на Белград е поставен и црвен тепих за студентите, а за вечерва е планиран и хорски настап. На Плоштадот на Републиката се поставени угостителски објекти и неколку шатори за студентите кои пристигнуваат. Во близина на студентскиот собир вечерва не може да се забележат многу полицајци во униформи, јавуваат српските медиуми.

Групи студенти од Нови Сад, Суботица, Крагуевац, Ниш, Краљево, Ужице, Крушевац, Вршац, Чачак, Ваљево и Лозница вечерва пеш и со велосипед треба да пристигнат во Белград.

На студентите кои пристигнуваат им се обезбедува сместување во зградите на факултетите, како и во некои средни училишта.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот