ВИДЕО: Го совладаа емоциите, Ѓоковиќ во солзи ја прослави новата титула во Мелбурн

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Новак Ѓоковиќ по 10 пат го освои Австралија опен во кариерата и воедно дојде до 22 Грен слем трофеј и со тоа се израмни со Рафаел Надал.

По мечот, светскиот тенисер број еден повторно емотивно се „скрши“ по финалето кога се приближи до својата ложа, а потоа легна на столовите и заплака меѓу најблиските и пријателите.

Кога се врати на теренот, плачеше со солзи на столчето кога седеше и си стави крпа на лицето, а заедно со него плачеа и многу луѓе на трибините.

Она што на многумина им изгледаше како „невозможна мисија“ во текот на минатата година кога Новак претрпе тортура во Австралија, а потоа и депортација, се покажа дека е можно. Новак се „прошета“ низ турнирот во Мелбурн, беше убедлив и повторно е на врвот.

Сега за Србинот сигурно следува нова мисија, а тоа е да биде единствен со најмногу грен слем титули во историјата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот