Новак Ѓоковиќ испишува историја, по десетти пат го освои „Австралија опен“

фото: EPA-EFE/JOEL CARRETT

Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ го освои 10 трофеј на Австралија опен откако во финалето го совлада Гркот Стефанос Циципас со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 7:6). Мечот траеше два часа и 53 минути.

Српскиот тенисер го започна мечот со многу енергија и леснотија во движењето, на Гркот му дозволи само два гема, а направи помалку неизнудени грешки од Циципас.

Пресуди брејк во четвртиот гем, па Ѓоковиќ дојде до значајна предност во остатокот од мечот.За разлика од првиот, вториот сет беше многу повозбудлив.

Иако продолжија кратките размени на удари, Циципас овојпат не му дозволи ниту еден брејк на Ѓоковиќ, кој беше видно нервозен.

Ноле во еден момент влезе во мал вербален конфликт со својот тренер Горан Иванишевиќ, по што заигра малку подобро, му одбрани сет топка на Циципас и го одведе дуелот во тај-брејк.

А таму, брејк за брејк, дури седум, четири во корист на Ѓоковиќ кој со многу драма успеа да го добие вториот сет.

Третиот започна со по еден брејк на двете страни, Србинот во размената на ударите трпеливо чекаше вистински момент за напад, но Циципас не попушти, па видовме уште еден тај-брејк во кој Новак повторно ја покажа својата ментална сила и релативно лесно оствари предност пред Циципас.

Гркот потоа спаси дури три меч топки, но не можеше да ја спаси четвртата, па Ѓоковиќ победи во тај-брејкот со 7:5.

Најдобриот српски тенисер рекордно 10 пати го освојува Австралија опен, односно никогаш не бил поразен на арената „Род Лејвер“ во меч за титула.

Со овој триумф Ѓоковиќ ја освои 22 грен слем титула во кариерата, израмнувајќи се со својот голем ривал Рафаел Надал. Воедно со победата над Циципас го врати првото место на АТП листата откако го престигна Карлос Алкараз.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот