ВИДЕО: Го нема Меси, тука е Брајтвајт, Данецот со два гола и асистенција
Фудбалерите на Барселона на домашен терен го победија Реал Сосиедад со убедливи 4:2 во првото коло од новата сезона во шпанската „Ла Лига“.
Препорачано
Каталонците триумфално го започнаа својот „нов живот“ по Лионел Меси, кој по 21 година го напушти „Камп Ноу“ и се пресели во ПСЖ. Најзаслужен за тоа е данскиот напаѓач Мартин Брајтвајт кој беше двоен стрелец.
Во отсуство на Кун Агуеро, Ансу Фати и Усман Дембеле, Брајтвајт доби шанса од самиот почеток со Антоан Гризман и дебитантот Мемфис Депај во нападот. Тој одговори на укажаната доверба на тренерот Роналд Куман на вистински начин со голови во 45+2 и во 59. минута ја доведе Барса до победата.
Претходно гол серијата ја стартуваше Пике, а при водство од 3:0, гостите ја вратија за момент неизвесноста откако за период од три минути намалија преку Лобете и Ојарзабал, а Барса го постави конечниот епилог преку Роберто (90+1`), асистент беше Брајтвајт.
Претходно актуелниот шампион Атлетико Мадрид славеше во првиот меч како гостин кај Селта Виго (1:2). Во следното коло Барселона гостува кај Атлетик Билбао, а Сосиедад ќе го пречека Рајо Ваљекано на македонскиот репрезентативен голман Столе Димитриевски.
ВИДЕО: Навивачите на ПСЖ направија прекрасна атмосфера – Лео Меси, Лео Меси..!


