ВИДЕО | Го критикуваше Ѓоковиќ, па сега се забавуваше со него
Најдобрите тенисери полека се подготвуваат за Вимблдон, а сега ни пристигнува една интерсна снимка на која се Новак Ѓоковиќ и Украинката Марта Костјук.
Препорачано
Снимката е посебно интересна затоа што украинската тенисерка очигледно добро се забавува со Ѓоковиќ кого неколку пати претходно јавно го критикуваше поради неговите јавни настапи за војната во Украина.
„Колегите треба да разберат што се случува во Украина. Погледнете што зборуваат Ѓоковиќ и Надал. Како да имате поддршка после такви изјави“, зборуваше Костјук пред неколку месеци револтирана од односот на Срѓан Ѓоковиќ на Австралија Опен каде што беше фотографиран со навивачи со руско знаме.
Снимката на која Костјук и Ѓоковиќ се забавуваат е објавена на официјалниот профил на Вимблдон, а на неа се уште неколку членови на тимот на српскиот тенисер.
За Ѓоковиќ, Костјук зборуваше и по завршувањето на Ролан Гарос каде што одби да се ракува со белорусинката Арина Сабаленка.
„Без разлика што и да кажам луѓето ќе ме мразт, посебно навивачите на Ѓоковиќ, но тие се многу агресивни и лично сум го почувствувала тоа“, зборуваше тогаш Украинката.
I love the sound of his laugh ?pic.twitter.com/o8q0xzGpOx
— ᖴᖇᗩᑎI (@frani23121) June 27, 2023


