ВИДЕО | Гираси беше херојот на Дортмунд против Волфсбург
Фудбалерите на Борусија Дортмунд денеска го победија Волфсбург со 2:1 во 21 коло од Бундеслигата. „Милионерите“ одиграа одлично прво полувреме, но имаа само еден гол предност по првите 45 минути. Во 38 минута Дортмунд поведе преку Брант. Рајерсон изведе корнер, а гостинскиот напаѓач се најде до блиската статива и ја погоди мрежата.
Препорачано
Волфсбург остави многу подобар впечаток во вторите 45 минути, и заслужено дојде до израмнување. По паузата, Куларакис го совлада Кобела од пет метри за 1:1 во 52 минута.
Амура можеше да донесе пресврт за „Волците“ во три наврати, но на крајот напаѓачот на домашниот тим ќе биде запаметен како трагична фигура по пропуштените шанси.
Казната дојде на крајот од натпреварот, поточно во 87 минута кога Гираси ја прими топката по комбинација помеѓу Силва и Белингам и ѝ донесе победа на Борусија.
Дортмунд е на второто место во германскиот шампионат со 58 бодови, три помалку од водечкиот Баерн, со напомена дека клубот од Минхен својот меч од ова коло ќе го има в недела дома против Хофенхајм.
Во другите денешни мечеви: Фрајбург – Вердер Бремен 1:0, Хајденхајм – Хамбургер 0:2, Мајнц – Аугсбург 2:0 и Ст. Паули – Штутгарт 2:1.


