ВИДЕО | Гелевски: Квалитетните книги и сликовници на децата им нудат подлабоко и поинтересно искуство и ги учат како да читаат

Издавачката куќа „Темплум“ најавува нови изданија за деца, со намера да придонесе за литературата за деца на македонски јазик и потсетување на нашите подзаборавени писатели на детската книжевност.

„Сакавме да придонесеме за целокупната книжевност, која на некој начин, почива врз книжевноста за деца, а таа е темелна, почива врз фолклорот што пак е темел на книжевноста и на целата култура. Она што е актуелно во нашата продукција е новата едиција „Старо купувам“ во која постари и важни текстови за деца, главно од македонски автори, кои се занемарени и подзаборавени се обидуваме да им дадеме нова енергија со нови илустрации од современи, талентирани ликовни уметници, графички дизајнери, илустратори. И утре ќе имаме промоција на првата книга од таа едиција „Споменик од песни“ – избор песни од Видое Подгорец, еден од најважните македонски автори за деца, извонредно илустрирани од Ване Костуранов, изјави денеска во Утрински брифинг, Никола Гелевски.

Тој најави книжевен настан а деца (и возрасни) „Фини деца со сликовници“ што ќе се одржи во четврток, на 1 јули, во МКЦ во Скопје и на 3 јули во Градскиот парк во Струмица. Настанот ќе започне со промоција на сликовницата „Споменик од песни“ – избор песни од Видое Подгорец, потоа ќе се промовира книгата „Девет преобразби во чудната шума“ од Пандалф Вулкански, Во 20 часот ќе се одржи промоција на сликовницата „Морис и фустанот со боја на мандарина“ од канадските авторки Кристин Балдачино и Изабел Маланфан. Премиерно ќе биде прикажана кратка анимирана видео сликовница според книгата. Освен промоции ќе има кретаивна работилница за деца, музичка програма и саемче на книги за деца.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот