ВИДЕО: Галатасарај со спектакуларниот гол на Дрис Мертенс го елиминираше Жалгирис од ЛШ

фото: EPA-EFE/SEDAT SUNA

По ремито (2:2) во првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите, Галатасарај на реваншот дома со 1:0 го совлада литванскиот Жалгирис.

Стрелец на единствениот гол за турската екипа беше Дрис Мертенс во 31 минута по изведениот корнер на Керем Актуркоглу.

За место во плеј-офот на ЛШ Галата ќе игра против Олимпија Љубљана од Словенија.

Инаку потсетување дека Жалгирис беше тимот кој што го елиминираше македонскиот првак Струга Трим во првото квалификациско коло на ЛШ.

После оваа елиминација, Литванците ќе продолжат во третото квалификациско коло на Лига Европа и ќе играат против шведскиот Хакен на нашиот интернационалец Филип Трпчевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот