ВИДЕО: Фудбалер на Галатасарај со глава удри соиграч и доби црвен картон

За момент фудбалот на мечот Гиресун-Галата беше во втор план/Фото: Принтскрин/Youtube/Futbol Çizgisi

На натпреварот од првото на турското првенство помеѓу Гиресунаспор и Галатасарај се случи несекојдневна ситуација – фудбалерот го нападна својот играч.

Иако Галатасарај важи за сериозен клуб, еден од најголемите во Турција, тој беше во центарот на вниманието поради катастрофалното однесување на Маркао Тешеира.

Во 65 минута, Маркао започна да го удира соиграчот Актуркоглу, а останатите членови на Галата мораа да спречат поголем инцидент.

Бразилецот за тоа веднаш заработи директен црвен картон по прегледување на ВАР снимка, иако може да се види дека беше и провоциран од Актуркоглу кој му сугерираше да замолчи.

Маркао го нападна својот соиграч и го остави својот тим со играч помалку до крајот на натпреварот.

За среќа на гостите, Гиресун веќе имаше 10 играчи на теренот поради исклучувањето на Тут во 45 минута, а екипата од Истанбул на крајот триумфираше со 0:2.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот