Француската европратеничка Рима Хасан со палестинско потекло/Фото: EPA-EFE/TERESA SUAREZ

ВИДЕО | Француската европратеничка останува во притвор во Израел, одби да потпише за депортација

Израелскиот јавен радиодифузен сервис Кан објави дека француско-палестинската европратеничка Рима Хасан одбила да ги потпише документите за депортација и ќе биде префрлена во притворен центар во градот Гибон.

Од 12-те членови на екипажот на „ Мадлин“, осуммина одбиваат да ги потпишат документите за депортација, додека четворицата што го сториле тоа ќе го напуштат Израел со посебни летови „во текот на денот“.

Претходно, Сухад Бишара, правниот директор на Адала, палестински правен центар во Израел кој ги застапува притворените активисти, изјави дека некои од нив можеби „нема да се согласат да летаат без правен совет, бидејќи се бара да потпишат некои документи“.

„Доколку тоа се случи, тие ќе бидат префрлени во притворен центар во Рамлех, чекајќи го процесот на имиграцискиот суд“, додаде Бишара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by L’insoumission (@l_insoumission)

Израелските власти веќе објавија дека шведската активистка Грета Тунберг ги потпишала документите за депортација и го фатила летот за Париз од аеродромот Бен Гурион во Тел Авив.

Европратеничката Рима Хасан доби поддршка од Европскиот парламент откако беше уапсена од израелските власти заедно со другите активисти на бродот „Мадлин“, кој беше пресретнат во меѓународни води додека пловеше кон Појасот Газа, носејќи симболично количество хуманитарна помош за палестинското население кое се соочува со глад и недостиг на основни намирници за живот.

Портпаролката и раководителка на прес-центарот на Европскиот парламент Делфин Колард во својот пост, појасни дека безбедноста на европратениците каде и да се наоѓаат е највисок приоритет за Европскиот парламент, додавајќи дека е во контакт со сите партии.

„Заштитата и благосостојбата на европратениците, насекаде во светот, секогаш ќе бидат највисок приоритет за Европскиот парламент. Во последните денови и часови, претседателот на Европскиот парламент беше во постојан контакт со израелските власти и лидерите на политичките партии во Парламентот за да ја осигури безбедноста на европратеничката Рима Хасан, која е меѓу оние на бродот „Мадлин“, како и оние што ја придружуваат. Европскиот парламент секогаш ќе инсистира сите негови членови да бидат безбедни и да се третираат со почит каде и да се во светот. Ситуацијата се развива и ние ќе останеме во постојан контакт со сите групи до нејзиното безбедно завршување“, напиша Колард во својата објава на Икс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот