ВИДЕО+ФОТО | Супер долг и крцкав помфрит – Погледнете како Јапонците го прават тоа!

Фото: Фејсбук

Вака долгиот помфрит е омилена ужинка во Јапонија, а го прават од пире од компири кое го истиснуваат директно во жешко масло. На некои оваа варијанта им е повкусна од класичниот помфрит.

Го сервираат најчесто со мајонез и катсуобиши (морски специјалитет од обработени, ферментирани и иситнети филети од туна или друга морска риба – се користи како зачин за разни јадења).

Фото: Фејсбук

Вака долгиот помфрит се подготвува од пире од компири кое се обликува во топчиља. Потоа топчињата се ставаат во посебен апарат и се стиснкаат директно над жешкото масло.

Од апаратот излегуваат долги лентички кои по само кратко пржење стануваат вкусен и крцкав супер долг помфрит.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот