ВИДЕО | Филмска потера низ Калифорнија: Полицијата ја бркала Бритни Спирс цел час пред да ја уапси
Американската пејачка Бритни Спирс беше уапсена во округот Вентура во Калифорнија, а сега се познати и деталите од полициската потера. По инцидентот се огласи и нејзиниот менаџер Кејд Хадсон.
Препорачано
Според информациите, полицијата ја бркала речиси еден час пред да ја уапси. „Дејли мејл“ објави детали од повикот што го примил диспечерот.
„Црна лимузина, неправилно запира, скршнува и вози без задно светло“, рекол диспечерот, по што полицаец прашал: „Можеме ли да ги испратиме сите единици кон оваа област, ве молам?“.
Полицајците потоа го идентификувале автомобилот како црн БМВ кабриолет. Потерата по Бритни Спирс започнала во средата околу 20:13 часот. Околу 21:13 часот, диспечерот потврдил: „Возачката излезе од возилото“. Неколку моменти подоцна се слуша како полицајците разговараат со пејачката.
Извор за „ТМЗ“ изјавил дека во нејзиниот автомобил била пронајдена „непозната“ супстанција, која моментално се тестира. Бритни рано утринава била однесена во болница, каде што полицијата ѝ земала крв за анализа.
По тоа била пуштена на слобода, а на 4 мај треба да се појави на суд.
Нејзиниот менаџер Кејд Хадсон се огласи по апсењето.
„Ова беше несреќен инцидент кој е целосно неоправдан. Бритни ќе ги преземе вистинските чекори и ќе постапи во согласност со законот. Се надеваме дека ова ќе биде првиот чекор кон долгоочекуваната промена што треба да се случи во животот на Бритни. Се надеваме дека ќе ја добие помошта и поддршката што ѝ се потребни во овој тежок период“, изјави тој.
Тој додаде дека нејзините синови Шон Престон и Џејден Џејмс ќе поминуваат време со неа и дека нејзините најблиски веќе осмислиле план како да ѝ помогнат да ги надмине овие тешки животни моменти.


