ВИДЕО: Фановите на Галата во транс, пристигнаа Мертенс и Тореира, го чекаат Роналдо

Фото: galatasaray.org

Најтрофејниот турски тим Галатасарај кој има 22 титули и милионска армија навивачи,но мината сезона заврши на 14 позиција на табелата и во желбата да се врати на врвот е доста активен во преодниот рок.

Од Бенфика е донесен напаѓачот Харис Сеферовиќ, Серџо Оливера дојде од Рома, Лео Дубоа од Олимпик Лион, а доцна синоќа во Истанбул пристигнаа Дрис Мертес и Лукас Тореира.


Мертенс потпиша за Галатасарај за годишна плата од 4 милиони евра откако му истече договорот со Наполи, додека Тореира е купен од Арсенал за 7 милиони евра.


Навивачите се во транс по доаѓањето на двајцата фудбалери, но се во исчекување на најголемата трансфер бомба во преодниот рок, Кристијано Роналдо.

Челниците на турскиот тим веќе разговарале со агентот на Португалецот, Жорге Мендеш на кого му ја презентирале понудата и визијата на клубот и го чекаат одговорот на Роналдо.

Единствен проблем за Галатасарај може да претставува тоа што нема да игра во Лигата на шампионите што претставува опсесија за Роналдо и можно е да ја одбие понудата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот