ВИДЕО | Емотивен момент на Северина и нејзиниот син на концерт во Блато

Фото: Принтскрин/ ТикТок

Хрватската пејачка Северина пееше во Блато на Корчула, а на настапот со неа беше и синот Александар со неговите другари.

Северина на социјалните медиуми сподели неколку видеа од концертот, но едно особено ги трогна нејзините следбеници и сите што го видоа видеото.

Имено, нејзиниот син Александар пристигна на настапот со Северина, кој ја следеше мајка си во близина на сцената, а во еден момент од вечерта Северина ја отпеа песната „Родено мое“.

Песната ја поттикна пејачката на емотивен потег, кога од сцената го погледна Александар додека ги пееше стиховите „твоите очи ме гледаат, како моите пресликани“.

Таа потоа покажа кон својот син и почна да оди кон него, гушкајќи го на крајот од видеото. Многумина се воодушевија од потегот на Северина и под видеото реагираа со позитивни коментари.

„Ме расплакаа…“, „Северина, ти го заслужуваш најдоброто“, „Детето е со мајката“, „Колку убаво, солза по солза…“, напишаа нејзините следбеници во коментарите.

Инаку, Северина објави и видео како оди од врата на врата и ги убедува родителите на другарите на синот, дека треба да ги пуштат децата на нејзиниот концерт, бидејќи Александар имал желба сите негови другари да дојдат и да ја гледаат мајка му додека пее.

Во продолжение погледнете го видеото:

@_severina_vuckovic Rodjeno moje💙 njen Aleksandar🫂 #severina #aleksandar #blato #korcula #sin #foryou #viral #fypシ #viralvideo #fyp ♬ original sound – Severina

 

ФОТО | Северина сподели фотографии од летувањето со синот, сѐ уште мора да му го крие лицето

ФОТО | Маж од публика ѝ фрли гаќи на Северина: Таа ги собра, ги помириса и ги стави во џеб

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот