ФОТО | Северина сподели фотографии од летувањето со синот, сѐ уште мора да му го крие лицето

Фото: Инстаграм/Северина

Во моментов, хрватската пејачка Северина Вучковиќ и нејзиниот син Александар се на летување на островот Корчула.

Пејачката објави неколку фотографии од патувањето на Инстаграм, на кои нејзиниот син повторно е со сокриено лице. Како потсетување, Северина од 2019 година има судска забрана за објавување фотографии од нејзиниот син на социјалните медиуми. Ваквата забрана е донесена на барање на Милан Поповиќ, таткото на Александар.

„… немој никаде да одиш без мене,
Ни во црква да се молиш на Бога,
Пушти ветрот да се сврти,
Една солза ќе ме скрши,
Верувам во себе, со тебе убаво живеам,
Сѐ додека постојам, ќе се сакам слепо…“, гласи дел од текстот на песната „Virujen u te“, која Северија ја испеа во 2001 година, а сега му ја посвети на синот Александар.

Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина
Фото: Инстаграм/Северина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот