Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Екстремен студ парализираше делови од Русија – Сибир со најниските температури годинава

Nexta TV, известувајќи за условите во Сибир, пишува за „ледена апокалипса“. Термометрите во Јакутија покажале -56°C, што го прави овој регион моментално најстуденото место на светот.

Екстремниот студ во Сибир ги достигна границите на неверојатното. Во поединечни делови од регионот температурата падна до -56°C, претворајќи го секојдневието во борба за опстанок и ставајќи го овој дел од Русија на врвот на листата на најстудени места на планетата.

Nexta TV, известувајќи за условите во Сибир, пишува за „ледена апокалипса“. Термометрите во Јакутија покажале -56°C, што го прави овој регион моментално најстуденото место на светот.

На социјалните мрежи се појави снимка од селото Тикси, кое веќе три дена се бори со силна меќава. Поради тоа, наставата во училиштата е откажана, а градинките исто така се затворени.

Жестокиот мраз го прекри градот со лед, а секојдневниот живот стана тест за издржливост за локалната заедница. Жителите мораат да користат специјализирана облека за да преживеат толку силни студови.

Снегот се натрупал пред влезните врати на куќите, а луѓето не се во можност да излезат од своите домови. Сепак, жителите на Сибир мора да се подготват за влошување на условите, бидејќи метеоролозите предвидуваат дека во наредните денови температурата ќе падне и до -60°C.

Покрај тоа, при толку ниски температури возилата имаат потешкотии при палењето, а изложената кожа може да се замрзне за само неколку минути.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот