Мадона /Мет Гала 2026 - Фото: EPA/SARAH YENESEL

ВИДЕО | Екстраваганција без граници — Мадона на Мет Гала се појави со брод на главата и шал што го носеа седум помошнички

Кралицата на попот уште еднаш докажа зошто е модна икона. На овогодишната Мет Гала 2026, 67-годишната Мадона се појави во драматична креација на „Сен Лоран“, директно инспирирана од уметничкото дело на Леонора Карингтон, „Искушението на Свети Антониј. Фрагмент Втори“, пренесува „Пипл“.

Следејќи го кодексот на облекување „Модата е уметност“, Мадона носеше целосно црна комбинација и сатенски ракавици. Највпечатливиот дел од нејзиниот изглед беше необичната капа на која беше поставен минијатурен брод, прекриен со сив проѕирен шал. Овој додаток беше толку масивен што беа потребни дури седум помошнички за да го носат додека пејачката позираше на славните скали на музејот Метрополитен.

Драматични детали и шминка

За да го комплетира изгледот, Мадона носеше, рог во раката, впечатлив ѓердан со голем приврзок и масивен прстен на секоја рака, црна коса со плетенки, изветвени веѓи, розево руменило и црн ајлајнер за дополнителен ефект.

Мадона е редовен гостин на Мет Гала уште од нејзиното деби во 1997 година. Минатата година, на настанот со тема „Скроено за вас“, таа се појави во целосно бел моќен костум со потпис на Том Форд, каде како моден додаток користеше незапалена пура.

Со овогодишното издание, Мадона уште еднаш потврди дека за неа границите меѓу модата и уметноста не постојат.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот