Ентони Едвардс/Minnesota Timberwolves

ВИДЕО: Едвардс броеше до 42, Минесота им се врати на победите

По серијата од три порази во низа, Минесота конечно се врати на победничките патеки, откако на гостински терен го совлада Голден стејт со 127-117.

Гостите го контролираа натпреварот речиси од самиот почеток и во еден момент од третата четвртина стигнаа до убедлива предност од 25 поени. Домашниот тим во продолжението се обиде да се врати во игра, но успеа само да ја намали разликата и да го ублажи поразот.

Најефикасен на теренот беше Ентони Едвардс, кој блесна со 42 поени. За него ова е десетти натпревар сезонава на кој постигнува повеќе од 40 поени. Значаен придонес во победата даде и Руди Гобер, кој натпреварот го заврши со 20 поени.

Во редовите на домашниот состав се истакна Брендин Подзиемски со 25 поени и 10 скокови, додека Кристапс Порзингис додаде уште 20 поени.

Резултати:

Далас – Кливленд 105-138
Детроит – Мемфис 126-110
Индијана – Њујорк 92-101
Торонто – Феникс 122-115
Хјустон – Њу Орлеанс 107-105
Голден стејт – Минесота 117-127
Портланд – Јута 124-114
ЛА Клиперс – Чикаго 119-108

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот