ВИДЕО: Една година без Марадона, еден од најдобрите во историјата на фудбалот

Според многумина најдобриот фудбалер на сите времиња, Диего Армандо Марадона/Фото: EPA-EFE/PIYAL ADHIKARY

Помина точно една година од смртта на Диего Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња почина на 25 ноември 2020 година. Имаше 60 години.

Продолжува полемиката дали славниот Аргентинец бил третиран на вистински начин. Целата приказна заврши на суд, а на обвинителна клупа има лекари, кои се грижеа за неговото здравје.

Клубовите за кои настапуваше Бока Јуниорс, Наполи, но и оние за кои никогаш не играл, потсетија на легендарниот Ел Пибе. Најголемиот успех како играч на Марадона го постигна со репрезентацијата на Аргентина во 1986 година кога ја освои титулата светски шампион во Мексико.

Тој во клупската кариера има девет трофеи со Бока, Наполи и Барселона. Посебно се памети неговиот период во Неапол, каде беше првак на Италија во 1987 и 1990 година. „Наполитанците“ велат дека тој е „богот на фудбалот“, а нивниот стадион кој порано се викаше Сао Паоло сега го носи името „Диего Армандо Марадона“.

Како тренер не беше успешен како играч. Најголем успех му е пласманот во четвртфиналето на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година со аргентинската репрезентација. Во дуелот за пласман во полуфиналето „гаучосите“ беа убедливо елиминирани од Германија со 4:0.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот