ВИДЕО | Ѕвездата на „Сексот и градот“ штрајкува со глад поради војната меѓу Израел и Хамас

Фото: Принтскрин/ Твитер/ New York Post

Ѕвездата на „Сексот и градот“, Синтија Никсон им се придружи на демонстрантите пред Белата куќа барајќи траен прекин на огнот во Газа. 57-годишната актерка потврди дека ќе стапи во дводневен штрајк со глад за да го сврти вниманието на проблемите со кои се соочуваат Палестинците кои се лишени од храна и вода поради израелската блокада, пишува „Њујорк пост“.

Таа за време на демонстрациите, изјавила дека тие штрајкуваат со глад за да му покажат на претседателот Бајден што се случува во Газа и дека тој има моќ да воспостави траен прекин на огнот.

@skynews #SexAndTheCity #actress #CynthiaNixon in #hunger #strike #protest demanding permanent #Gaza #ceasefire ♬ original sound – Sky News

„Ништо од ова не е нормално. Ништо од ова не е рутина и ништо од ова не може да се дозволи да продолжи“, изјави Никсон.

Таа се обиде да го стави високиот биланс на палестински жртви во контекст на 20-годишното воено учество на САД во Авганистан, истовремено споменувајќи ги и околу 1.200 Израелци убиени во нападот на Хамас на 7 октомври. Претставувајќи се себеси како „мајка на еврејски деца чии баби и дедовци го преживеале Холокаустот“, таа рече:

„За седум недели, Израел уби повеќе цивили на мал појас земја отколку што беа убиени во текот 20-годишната војна во цел Авганистан. Уморна сум од луѓето да го објаснуваат ова со тоа што велат дека цивилните жртви се рутински данок за војна. не е ништо рутинско во овие бројки. Нема ништо рутинско во врска со овие смртни случаи“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот