ВИДЕО | Џошуа брутално го нокаутираше ММА шампионот од Камерун уште во втората рунда

Фото: EPA-EFE/STRINGER

Британскиот боксер Ентони Џошуа го нокаутираше ММА шампионот од Камерун Франсис Нгану во втората рунда.

Храбро беше од Нгану да влезе во ринг со Џошуа, но шанса за победа немаше. На подот заврши уште во првата рунда, а потоа по 15 скунди во втората беше нокаутиран. Џошуа му зададе силен удар од десната страна, па Нгану загуби контрола над рацете и нозете.

Воопшто немаше ниту одбројување и судијата веднаш означи крај на борбата и побара на Нгану да му биде укажана медицинска помош. За според со Тајсон Фјури во рингот до некаде Нгану и се држеше, меѓутоа сега немаше апсолутно никакви шанси. Со овој триумф Џошуа дојде на скор 28:3.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот