Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Џон Красински е најсекси маж на светот во 2024 година

Магазинот „Пипл“ секоја година го избира најсексапилниот маж на светот. Оваа година титулата ја освои актерот и режисер Џон Красински (45).

Актерот беше прогласен во шоуто на Стивен Колберт „Лејт шоу“ (The Late Show). Кога водителот го прашал колку долго знаел дека е најсекси маж на светот, Џон ги насмеа гледачите велејќи: „Знам веќе пет минути. Сè уште мислам дека ова е шега“.

Актерот во интервјуто откри дека од кариерата поважно му е да биде сопруг и татко. Тој ужива во документарците на Нетфликс и приказните пред спиење за неговите деца. Тој живее во Бруклин со сопругата, актерката Емили Блант (41) и нивните ќерки Хејзел (10) и Вајолет (8).

Џон вели дека Емили била многу возбудена кога ја слушнала големата вест. Актерката дури се пошегува пред објавата на „Пипл“ дека ако нејзиниот сопруг ја освои титулата, ќе ја излепи куќата со насловни страни од магазинот „Пипл“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Красински и во овие моменти нагласува колку ја сака Емили. “Убаво е кога си во брак со некого, постојано учиш, се менуваш и се развиваш. Многу сум среќен што поминувам низ сето тоа со неа”, рекол тој. Сепак, тој вели дека титулата за најсекси маж на светот нема ништо да му промени во животот.

„Мислам дека Емили само ќе ме натера да извршувам повеќе домашни работи. Откако ова ќе излезе во јавност, таа ќе биде како: ‘Во ред, тоа значи дека навистина ќе мора да ја заработиш таа титула дома’“, вели Красински.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Тој е најпознат и сакан по улогата на Џим Халперт во хит серијата „Канцеларија“ (The Office). Тој беше ко-сценарист, режисер и глумеше заедно со Емили во трилерот „Тивко место“ (A Quiet Place) од 2018 година.

Красински е роден во Њутн, Масачусетс. Има полски и ирски корени. На Универзитетот Браун студирал театарска глума под менторство на Џон Емиг и Лори Маршал. За време на неговиот престој на тој универзитет, тој бил член на комичната група „Надвор од границите“, а дипломира во 2001 година.

После тоа, тој присуствувал на Националниот театарски институт во Конектикат, а подоцна и во Центарот за актери во Њујорк и во Кралската компанија Шекспир во Англија. По дипломирањето на Браун, Красински се преселил во Њујорк каде ја започнал својата актерска кариера, појавувајќи се најпрво во реклами и гостински улоги во ТВ емисии.

Во 2004 година, по малите филмски и телевизиски улоги, Красински учествувал на аудиција за американската адаптација на британската хумористична ТВ серија „Канцеларија“. Тој бил на аудиција за улогата на Џим, претставник за продажба во филијала на компанија за дистрибуција на хартија. На актерот првично му била понудена улогата на Двајт Шрут, но тој ја одбил бидејќи сакал да го игра Џим.

Таа улога ја играше во сите девет сезони колку што се снимаше, до последната епизода во мај 2013 година. Покрај тоа што беше актер, Џон учествуваше во серијата и како режисер и сценарист на некои епизоди.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот