ВИДЕО | Две фоки спасени откако минувачи ги нашле заплеткани во рибарска мрежа во Јужна Африка

Фото Твитер

Две мали фоки биле пронајдени заплеткани во рибарска мрежа на плажа во Јужна Африка, а спасувачите го снимиле моментот кога ги спасиле двете животни, што потоа стана хит на социјалните мрежи, пренесува Би-Би-Си.

Припадниците на јавноста во Националниот парк Западен брег ги пресекле мрежите, што им овозможило на фоките да се вратат во морето.

Приватен водич и режисер го снимил моментот на камера, споделувајќи го спасувањето на социјалните мрежи.

„Тоа беше многу опиплив потсетник за тоа колку е важно да се едуцираме, да ги исчистиме нашите плажи и да работиме за да се осигураме дека пластиката и работи како ова не се во нашите океани“, напиша Џејмс Сатер за инцидентот во објавата придружувана на видеото на Инстаграм.

Третата фока, исто така, била спасена, се вели во неговиот пост.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот