ВИДЕО | Два гола на Родриго за трофеј на Реал Мадрид во Копа Дел Реј

Фото: EPA-EFE/Julio Munoz

Вечерва во Севиља се играше финалето на шпанскиот куп помеѓу Реал Мадрид и Осасуна кое на крајот заврши со победа и трофеј за „кралевите“.

Реал Мадрид предводен од херојот Родриго ја совлада Осасуна со 2:1. Уште на самиот старт во втората минута Родриго го отвори резултатот по асистенцијата од Винисиус. Тоа беше и единствениот гол кој го видовме во првото полувреме.

По 15-тина минути игра во вториот дел Осасуна преку Торо го изедначи резултатот, а за победа на Реал се погрижи повторно Родриго кој го постигна својот втор гол на средбата. Родриго така стана првиот играч на Реал Мадрид кој постигнал два гола во финале на Копа Дел Реј во последните 43 години.

За Реал Мадрид овој трофеј 20-ти во шпанскиот куп.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот