ВИДЕО: Дурент блескаше против Денвер, Јокиќ урна нов рекорд во НБА лигата

Кевин Дурент, кошаркарот на Феникс санс/фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Актуелниот шампион во НБА лигата Денвер нагетс втор пат по ред е поразен на домашен терен од Феникс санс (104:97).

Во редовите на Санси доминираше Кевин Дурент кој постигна 30 поени и воедно имаше 13 скокови.

На спротивната страна српскиот центар на Нагетси Никола Јокиќ запиша 22 поени, девет скокови и 10 асистенции.

Јокиќ стана првиот играч во историјата на НБА кој во период од пет години успеа да реализира повеќе од 8.000 поени, повеќе од 4.000 скокови и над 3.000 асистенции.

Самите бројки звучат неверојатно и јасно говорат колку Јокиќ има постигнато во најсилната кошаркарска лига на светот. Исто така, овој рекорд е само уште еден доказ дека српскиот ас оди и кон третата титула за најдобар играч (МВП) во НБА лигата.

Во Западната конференција Денвер е на првото место (51-22), додека Феникс се наоѓа на седмата позиција (43-30).

НБА лига, резултати:

Шарлот – Кливленд 118:111
Орландо – Голден Стејт 93:101
Вашингтон – Бруклин 119:122 (по 1 продолжение)
Атланта – Портланд 120:106
Филаделфија – ЛА Клиперс 107:108
Торонто – Њујорк 101:145
Чикаго – Индијана 125:99
Мемфис – ЛА Лејкерс 124:136
Минесота – Детроит 106:91
Оклахома – Хјустон 126:132 (по 1 продолжение)
Јута – Сан Антонио 111:118
Денвер – Феникс 97:104

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот