Коли пропаднаа на пат во Небраска/Фото: Скриншот

ВИДЕО | Дупка се отвори на пат во Небраска и „проголта“ две возила

Шокантен инцидент се случи во вторник попладне на пат во Омаха, Небраска, кога одеднаш се отвори дупка и „проголта“ два автомобила, објави НДТВ.

Како што може да се види на видео од Асошиејтед Прес, црвен автомобил и камионет чекаат на семафор. За неколку секунди, површината на патот попушта и двете возила тонат во земја.

Возачите на автомобилите успеале да се ослободат со помош на минувачи, додека според полицијата, нема повредени.

Во тек е истрага за причините за уривањето на патот, додека областа е блокирана од безбедносни причини.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот