ВИДЕО: Дубиоза колектив го кренаа на нозе Советот на Европа

Светскиот форум за демократија, кој се одржа во Советот на Европа во Стразбур, беше сосема необичен затоа што имаше музички настап од- ни повеќе, ни помалку – Дубиоза колектив. Европските бирократи чесно танцуваа, а на музиката се забавувала и актуелната генерална секретарка Марија Пејчиновиќ Буриќ, пишува Јутарни Лист.
Покрај свирењето и пеењето, тие истакнаа уште нешто многу важно.
„20 отсто од луѓето ја напуштија БиХ во последните неколку години. Можеме да направиме нешто околу тоа, можете да ни помогнете. Можете да ни помогнете да добиеме работни визи, за ние седуммина да ја напуштиме земјата. Можеби за да почнеме во Стразбур, ќе можеме да свириме за вас меѓу сесиите“, им порачаа босанските музичари на учесниците на Форумот.
„Всушност, имаме добри песни со кои можете да се опуштите за да работите подобро во интерес на сите нас. Ако има премиер кој може да ни помогне, ќе го оставиме нашиот контакт“, на шега рекоа момците од Дубиоза.
Меѓу песните кои ги свиреа беа „Bella ciao“, „No escape (од Балканот)“ и „Take me to America“.